Пелистерските мечки се одомаќинија во битолксите села. Често се случува овие диви животни во потрага по храна, да се шетаат низ нивите и селските дворови во населениете места околу Битола.
-Претежно сега во овој период ја има кај каналот горе ја среќаваме со мало мече. Можат да се видат и стапалки. Кога ќе узреат црешите , слегува долу по храна. Се пресрами сега и ровари, вели Тоде Костовски од потпелистерското село Брусник.
Жителите се жалат дека мечки им јадат крави, овци, коњи, влегуваат во овоштарниците, но најчести се поплаките за уништени пчеларници.Деновиве на битолчанецото Никола Наумовски мечка му уништи 9 сандаци сместени на само 1 километар од Битола, на патот за Пелистер.
-Јас имав во Гопеш, потоа ги однесов пчелите во Нижеполе, сега еве и овде ми напакости. Не знам каде да одам веќе и што да правам, вели Никола Наумовски, пчелар од Битола
Според судската база на одлуки, Основниот суд во Битола во последните 10 години донел 700 пресуди по тужби за предизвикани штети од мечки затоа што мечката е заштитена со закон.
Извор: Телма