Од вкупно 50 фотоволтаични панели кои се набавени во рамки на прокетот за подршка на сточарите, во вредност од околу 60.000 евра, десет се доделени за бачилата на дебарски сточари.
Оваа информација, според Општина Дебар, ја соопштил директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, Љуљзим Фејзулаи при неговата посета на Дебар за што појаснил дека еваа мерка е во рамки на Проектот за опремување на сточарите со фотоволтаични панели кој финансиски е поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-Дебар останува најатрактивно место за развој на сточарството. Располага со идеални услови за тоа, богати пасишта на кои може да се напасуваат илјадници грла добиток. По изградбата на пристапни патишта до дел од бачилата во овој регион, сега сточарите од овој регион ги помагаме со 10 фотоволтаични панели, изјавил Фејзулаи.
Тој заедно со градоначалникот Хекуран Дука имал средба и со неколку сточари.
Сточарите од општините Дебар и Центар Жупа располагаат со стадо од околу 35.000 грла овци и годишно во просек пласираат по над 300 тони кавилитетно бело сиење,произведено на традиционлен начин.