Министерот за здравство Оливие Веран уверува дека мерката за излегување од изолацијата ќе стапи на сила ако се намали бројот на пациенти и ако ограничувачките мерки се почитуваат до крај, јави дописникот на МИА.
-Ако ограничувачките мерки се почитуваат до крај …ќе можеме постепено да излегуваме од изолацијата под најдобри услови. Во спротивно, и ако бројот на нови пациенти биде преголем, датумот на подигање на мерките би можел да биде ставен во прашање и ќе биде проценет во секоја област посебно, објасни министерот за здравство, Оливие Веран во интервју за „Паризиен”.
Ова потсетување доаѓа кога стапката на пренесување на вирусот, познатиот „Р0″, кој се спушти на 0,5 благодарение на мерките за изолација спроведени од 17 март, започна да се зголемува меѓу 0,6 и 0,7 . Оваа стапка на репродукција на вирусот претставува број на луѓе што инфицираат индивидуа. Кога е помалку од 1, епидемијата се повлекува. Друг сигнал: најновите податоци од анкетата на здружението „Датаковид” со институтот „Ипсос” покажуваат благ пад на почитта од страна на Французите за почитувањето на социјалното растојание, гестови и севкупно зголемување на просечното време поминато секој ден надвор.
Бројот на дополнителни случаи со Ковид-19 падна во просек на 1132 случаи за 24-часа, а во последниот дневен извештај имаше зголемување за 794 нови дневни случаи, што е во рамките на ограничувањата утврдени од извршната власт (3000 дополнителни случаи на ден). Во саботата вечерта, бројот на смртни случаи се зголеми за 166 дополнителни за 24 часа, што е најмалото зголемување забележано од 22 март и достигна вкупно 24.760 смртни случаи.