Екипите од долниот дел на табелата во Премиерлигата не сакаат продолжение на сезоната

Откако фудбалските премиерлигаши во Англија постигнаа согласност првенството да продолжи на 12 јуни, за време на викендот екипите од долниот дел приредиле пресврт. Шест екипи се пресметале дека можно е да го загубат премиерлигашкиот статус на теренот и одлучиле да се откажат од вакват идеја и сезоната да се прогласи за неважечка, а со тоа и во новата да играат во елиното натпреварување на Островот.

Екипи кои го приредиле пресвртот се: Норич, Астон Вила, Бормут, Вотфорд, Вест Хем и Брајтон. Тие сега се залагаа да придобијат уште еден глас и да го одложат продолжението на превенството кое беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот што ќе значи поништување на сезоната.  Претходниот план за продолжување на сезоната беше доигрување на три „неутрални“ терени – на Вест Хем, Арсенал и Манчестер сити.

За да се доигра сезоната треба двотретинско мнозинство на гласови од клубовите, односно 14 клуба.

Треба да знаете
Последни објави