Канада во рецесија поради Ковид-19

Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата Ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау” (C.D. Howe), во време кога официјалната статистика сугерира дека економијата во март е намалена за девет проценти.

Канадскиот институт смета дека забавувањето на економијата покажува дека е време да се прогласи рецесија.

„Членовите се согласија дека со примена на методологијата на Советот со првичните расположливи податоци, Канада влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година”, соопшти советот на канадскиот институт.

Треба да знаете
Последни објави