Повеќе жртви во судир меѓу авганистански мигранти и иранските власти

– Најмалку седум лица се убиени, а неколкумина се водат како исчезнати кога авганистански мигранти се обиделе да ја преминат границата со Иран.

Во инцидентот, за кој Авганистан ги обвинува иранските граничари, повеќе десетици мигранти сепак успеале да ја преминат границата.

Авганистанските власти соопштија дека точниот број на мигранти вклучени во инцидентот сè уште не е познат.

Иранските граничари ги тепале мигрантите и ги принудиле да скокнат во реката Харируд, на иранско-авганистанската граница, јавуваат авганистанските медиуми.

Авганистанските власти ги испитуваат обвинувањата и испратиле група да ги извлече телата од реката, додека Иран ги отфрлува обвиненијата, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека мигрантите се обиделе илегално да влезат во Иран од западната провинција Херат.

Авганистанската комисија за човекови права (АХРЦ) соопшти дека локалните власти рекле оти „иранските безбедносни сили уапсиле одреден број мигранти во потрага по работа сакале да влезат во Иран”.

– Тие биле принудени да ја преминат реката Харируд кога голем број од нив се удавиле, а некои преживеале, соопшти АХРЦ.

Треба да знаете
Последни објави