Франција: Апликација StopCOVID почнува со тестирање

– Апликацијата за набудување на контакти StopCOVID во Франција е поставена да влезе во фазата на тестирање денеска, кога државата ќе почне да ги ублажува мерките за изолација. Тоа го најави министерот за дигитални прашања Седрик О.

Министерот ја претстави апликацијата како клучен елемент на стратегијата на Франција за одбрана од коронавирусот, пренесува Гардијан.

„Нема ништо волшебно во врска со таа апликација, но не е ниту флертување со технологијата. Корисно е само ако е интегрирано во глобалниот здравствен систем”, напиша францускиот министер за платформата „Медиум”.

Многу земји ширум светот брзаат да развијат апликации за проценка на ризик од инфекции што треба да помогнат во изолирањето на оние кои може да ја шират болеста.

Треба да знаете
Последни објави