Авионот на Роналдо се вратил во Торино без сопственикот

Италјанските фудбалски калчолигаши почнаа наголемо да се подготвуваат за почеток со тренинзи пред одредувањето на продолжението на сезоната која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. Но, од властите во земјата им е посоечено дека групните тренинзи нема да бидат дозволени пред 18 мај. Ќе можат да почнат со поединечни тренинзи или во помли групи.

Актуелниот шампион и лидер Јувентус ги повика сите свои играчи-интернационалци кои ги има на располагање да се вратат во Торино. Меѓу нив е и фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо кој карантинот го минуваше во својата Португалија. Откако синоќ во Торино долетал неговиот приватен авион без него остана отоворено прашањето кога Роналдо ќе се стави на располагање кај „старата дама“. Роналдо си го продолжил престојот во родната Мадеира за неколку денови.

Неговоиот авион слетал на аеродромот Фуншал во Мадеира преку Мадрид, каде останал приземјен околу еден час, ги собрал личните работи на Роналдо и тројцата приватни тренери и се вратил назад во Италија, без сопственикот.

Роналдо останал со семејството во неговото луксузно одморалиште. По враќањето во Торино, Роналдо е должен да остане во карантин 14 дена.

Треба да знаете
Последни објави