А1 Македонија отвори виртуелната продавница

Телекомуникациската компанија А1 Македонија денеска ја отвори својата виртуелната продавница, преку која граѓаните ќе можат да ги разгледаат нејзините производи и да  купуваат преку интернет, наместо во продажен салон.

Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат со продажен агент во живо и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на прашањата и да купуваат преку интернет.

-Корисниците на A1 „Лајв шоп” и онлајн каналот ќе добијат и промотивен бенефит од три месеци без претплата за услугата, како и намалени цени за одредени модели на телефони, достапни со специјален попуст. Понудата е промотивна и важи во ограничен временски период, информираат од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави