Британски научници: Исклучително високо ниво на концентрација на микропластика на морското дно

На дното на океани, научниците на само еден квадратен метар пронашле 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебели пет сантиметри, што е најголема концентрација на пластичен отпад досега регистрирана на океанското дно.

Повеќе од 10 милиони тони пластичен отпад што влегува во море секоја година е всушност само еден процент од отпадот што е на површината на океанот, тврдат британските научници.

„Откривме до 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебели 5 см што покрива само еден квадратен метар, највисоко ниво на микропластика што некогаш е забележано на дно на океан”, напиша Јан Кејн од универзитетот Манчестер и Мајкл Клер од Националниот океанографски центар во Ливерпул.

Пластичните остатоци постепено се распаѓаат во помали фрагменти во океанот, се додека не формираат честички помали од 5 мм, познати како микропластика, пренесува Сајенс алерт.

Треба да знаете
Последни објави