Велосипедист прегазен на паркинг во Ново Лисиче

На 03.05.2020 во 10.20 часот било пријавено дека на булевар Видое Смилески Бато, на сервисната улица од паркинг простор, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ѓ.(42) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Т.П.(69) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави