(ВИДЕО) „Комити“ и „Војводи“ ѝ скандираа „Никогаш Северна…“ на Шекеринска кај грбот на Гоце Делчев

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Шекеринска кратко искоментира дека станува збор за политички мотивиран настан, им се извини на медиумите и ги покани на втор настан на кој ќе присуствува да даде изјава.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска.

Фото: „360степени“

Треба да знаете
Последни објави