ВМРО-ДПМНЕ: Наместо мерки за стопанството, СДСМ ги растура буџетските пари на луксузирање

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференција на Коста Петров

 

„СДСМ не ја одржува ликвидноста на стопанството, туку ја зголемува дупката во буџетот која стигна 1.3  милијарди. Бездната во која тоне економијата продолжуваат да ја зголемуваат со скандалозните набавки на скапи пијалаци, морски плодови и луксузирања на владата.

Додека експертите предупредуваат дека Владата треба да ги исплати долговите на фирмите за да може во стопанството да има проток на пари, СДСМ продолжува со сомнителни набавки и со сомнежи за милионски криминал.

Додека се наоѓаме во екот на борбата со корона епидемијата, Владата импровизира. Многу мал процент на фирми ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка затоа што не ги исполнуваат условите.

Сведоци сме дека СДСМ манипулира со бизнис секторот нудејќи антикризни мерки со дополнително задолжување на веќе задолжените компании во стопанството. Владата не му помага на стопанството ако фирмите треба дополнително да се задолжат со кредит плус на нивните конта.

Лицемерни се кажувањата на Петров дека за клучната ликвидност на стопанството, кога СДСМ троши 120 милиони евра повеќе од буџетот за изборен поткуп. Бројните партиски вработувања на СДСМ во ек на здравствена и економска криза се доказ за предизборниот поткуп кој што се врши од страна на владата.

Надменоста и безидејноста заедно со грабежот којшто го прави СДСМ е формула за економски колапс.

Фиктивна претстава за добра економија и лаги за граѓаните, наместо реални мерки, се единствените нешта кои СДСМ ги прави во пресрет на најголема економска криза.

Фактите се дека СДСМ направи смислен грабеж на буџетот во првите три месеци од годинава од 120 милиони евра. СДСМ го задолжи секое семејство 15 илјади денари. Овие пари беа наменети за корумпирање на изборите кои се одложија. Овој грабеж е полош и од оној од транзицијата.

Треба да знаете
Последни објави