Двајца загинаа во судир на две „пунта“ кај Страцин

МВР информираше за детали од вчерашната сообраќајка кај Страцин во која загинаа две лица.

-На 03.05.2020 во 09.40 часот било пријавено дека на патот Куманово – Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред село Страцин, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фиат пунто“, што го управувал Б.Ѓ.(55) од село Железница и  „фиат пунто“ управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од село Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави