Емина Јаховиќ му се врати на бившиот сопруг

Емина се вратила во вилата на Мустафа откако на тоа ја убедил помладиот син Јавуз и сега повторно живеат како семејство, пренесува магазинот „Свет“.

Тие последните месец дена се неразделни.

Бидејќи епидемијата и во Турција е во тек, Емина се обидува да не го напушта својот дом, туку времето целосно им го посветува на своите деца. Отпрвин, Мустафа ќе дојдеше во нејзиниот стан и тие целото време ќе го поминеа заeдно, играјќи со децата, учеа, решаваа домашни задачи, а потоа Мустафа, во вечерните часови, ќе се вратеше во својот дом. Но ова сврзување им помогна да сфатат дека сè уште се вистинско семејство и дека одлично функционираат кога се заедно. Поранешните сопружници совршено се разбираат, а сега е јасно дека и љубовта не исчезнала и покрај тоа што и двајцата ја бараа на друга страна. Емина сакаше сè да остане онака како што е и да не се сели никаде бидејќи само што се стабилизираше по разделбата со Садетин Саран. Таа го уреди нејзиниот нов дом и се прилагоди на новиот живот со своите деца. Но неодамна Мустафа и предложи да се врати и да живеат заедно во неговата вила. Таа на почетокот се двоумеше, но се предомисли заради својот помлад син Јаваз, кој секогаш многу се растажува кога треба да се раздели од својот татко. Таа ги зема со себе само своите основни работи и сега повторно живеат заедно, раскажува извор за „Свет“ кој е многу близок со пејачката.

Треба да знаете
Последни објави