Заев потроши цела емисија, а не кажа дали го осудува документот на Бугарија со кој го попречуваат нашето членство во ЕУ

Соопштение до јавноста – реакција на изнесените ставови на Зоран Заев во емисијата „Утрински Брифинг“

„Зоран Заев во него познат стил, со раката на срце и главата благо наведната продолжува да лаже. Цела емисија помина, а Заев не кажа дали го осудува документот на Бугарија, со кој тие не блокираат на патот кон ЕУ.

Негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија е резултат на политиката на Заев која не помири со соседите. Политика која од 5 соседи не направи непријатели со сите, а дополнително го зајакна негаторскиот однос на секој еден кој некогаш помислил нешто против Македонија.

Срамота е Заев на 4 Мај – денот кога загина Гоце Делчев да лаже за нашите корени и јазик, кои наскоро планира да ги продаде.

Ништо подобро не е ниту на економско поле. 1.3 милијарди предвидена буџетска дупка не е затоа што многу се работи, туку затоа што многу се краде.

Здравствената состојба е исто така загрижувачка. Секој ден се прават се помалку тестови и во таква ситуација нормално е да имаме помалку заразени. Вештачки се креира перцепција и се оди на избори кои ќе значат кланица за нацијата – заразување од масовни размери.

Зоран Заев уште еднаш покажа дека не гледа подалеку од неговата банкарска сметка и интересот на СДСМ, – кој ќе го спасува од катастрофален пораз и сака истиот да го ублажи, за сметка на здравјето на граѓаните. Народот тоа го гледа и ќе го казни.“

Треба да знаете
Последни објави