МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година:

Гарантиран детски додаток

Детски додаток

Посебен додаток за месец 05/2020

ЕПП за новороденче

Родителски додаток за трето дете

Родителски додаток за четврто дете

Единствен родителски додаток

Образовен додаток – Студирање

Гарантирана минимална помош ГМП

Туѓа нега

Постојана парична помош

Еднократна парична помош

Мобилност и слепило

Цивилна инвалиднина

Социјално домување

Социјална сигурност- социјална пензија

Азиланти домување

Парична помош за згрижувач

Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата на правата на парична помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред, според почетната буква од презимето и тоа:

– 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)

– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)

– 06.05.2020 (среда) исплата за  Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)

– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Корисниците на права од социјална и детска заштита кои користат платежни картички  поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, паричните средства можат да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијали и експозитури на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

Треба да знаете
Последни објави