Нејмар не прифаќа бонус од 100 милиони евра од ПСЖ, а сака да се врати во Барса и за помала плата

Бразилскиот фудбалски интеранционалец Нејмар несака да потпише нов договор со францускиот ПСЖ за дополнителна премија од 100 милиони евра, пренесува Мундо Депортиво. Со овој потег Нејмар потврдил дека не се откажува од намерата да се врати на „Камп Ноу“.

Според каталонскиот весник ПСЖ премијата од 100 милиони евра на Нејмар му ја понудила само за потпис на документите. Платата и спонзорскиот договор со Националната банка на Катар кои на Бразилецот му носта заработка од 50 милиони евра годишно треба да останат непроменети.

Бразилецот според весникот подготвен е да се врати на „Камп Ноу“ за двојно помала плата од таа која ја заработува кај „светците“. Тој најави дека ќе го искористи членот 17 на ФИФА и ќе побара светската куќа на фудбалот да ја одреди неговата трансфер вредност. Но, пред да го повлече ваквиот потег Нејмар ќе побара гаранции Барса дека ќе оди до крај за реализација на трансферот под вакви услови.

Проблем за Барселона може да биде намалената финансиска моќ поради пандемијата со коронавирусот, бидејќи ФИФА  се очекува да одреди од 160 и 180 милиони евра отштета.

Треба да знаете
Последни објави