Приведен мажот што упадна во домот на Наташа Беквалац

Во куќата на пејачката Наташа Беквалац во Ченеј  вчера влегол непознат маж, кој и носел подарок и цвеќе, според српските медиуми тој е приведен на сослушување.

Според српскиот весник „Ало!“, сè се случило околу 11 часот на нејзиниот имот во Нови Сад. Мажот, наводно, и носел подарок и цвеќиња, а прво ја запознал нејзината мајка Мира, која не му одобрила да влези, но тој ја поминал нејзината мајка и почнал да ја бара Наташа по кујќата.

Бидејќи пејачката во тој момент била со ќерките Хана и Катја, се исплашила и му се спротивставила, барајќи од него веднаш да ја напушти нејзината куќа. Наташа го пријавила случајот во полиција.

Треба да знаете
Последни објави