ПСЖ ќе го задржи Мбапе до крајот на договорот со плата од 74 милиони евра по сезона до крајот на договорот

Старо-новиот фудбалски шампион на Франција, ПСЖ нема да се откаже од еден од најдобрите фудбалери пред кои е блескава иднина Килијан Мбапе, пред истекот на договорот, што му завршува во 2022 година. За да го обезбедат во своите редови младиот напаѓач, газдите на  „светците“ се подготвени да му ја зголемат двојно годишната плата, наместо 37 милиони евра да му дадат 74 милиони и со тоа да ја симнат од дневен ред темат која секој преоден рок ја наметнуваат фудбалските гиганти дека ќе го откупат неговиот договор. Откако ќе го одработи до крајот догворот со ПСЖ, раководството на францускиот шампион нема да му прави проблеми на Мбапе да си замине од нивните редови како слободен играч.

„Л`Екип“ пренесува дека двете страни постигнале ваков договор. Со ова шпанскиот Реал Мадрид ќе треба да почека уште две сезони за да го ангажира Мбапе во своите редови.

Платата кој шеиците ќе му ја дадат на францускиот репрезентативец Мбапе ќе биде идентична како она која ја добива кај „светците“ бразилскиот интеранционалец Нејмар, кој го направи рекордниот тренсфер со преселбата од Барселона во ПСЖ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави