Талибанците презедоа одговорност за напад врз воен комплекс за кој тврдат дека има загинати војници

Авганистанските талибанци денеска ја презедоа одговорноста за напад врз воениот комплекс во јужната провинција Хелманд, во кој, како што тврдат, има загинати и повредени.

Според талибанците и владините претставници, во текот на ноќта се случил напад врз објект во кој биле сместени најмалку 150 припадници на авганистанската војска и разузнавачките служби.

„Десетици припадници на непријателските сили беа убиени и повредени во нападот”, пишува во соопштението Кари Јусуф Ахмеди, портпарол на исламистичката група.

Министерството за одбрана потврди дека нападот се случил и посочи дека еден припадник на армијата е ранет.

Треба да знаете
Последни објави