Тотенхем сериозен кандидат да биде новиот клуб на Ракитиќ

Играчот од средниот ред на шпанскиот фудбалски првак и лидер до прекинот на Примера, Барселона, Иван Ракитиќ може да ги смени клубските бои во летниот преоден рок. Според Мундо Депортиво, 32-годишниот Хрват би можел да ја продолжи кариерата во англискиот Тотенхем. Англискиот клуб сериозен кандидат да го ангажира Ракитиќ. Претходно беше објавено дека Атлетико, Севиља и Јувентус се интересираат за играчот од средниот ред.

Договорот на Ракитиќ со Барселона завршува во летниот преоден рок во 2021 година. Познато е дека каталонскиот клуб не планира да го продолжи. Оваа сезона Ракитиќ доби шанса да настапи на 21 натпревар за Барса.

Треба да знаете
Последни објави