Донаторска конференција за развој на вакцината, се очекува да се соберат 7,5 милијарди евра

Европската комисија организира виртуелна донаторска конференција за собирање средства за развој на вакцина против коронавирус и за лекување на болеста. Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, е домаќин на оваа средба со виртуелни донатори во Брисел.

На настанот се очекува да бидат собрани најмалку 7,5 милијарди евра. Средствата главно ќе бидат наменети за меѓународни здравствени организации и истражувачки мрежи.

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш ќе присуствуваат на конференцијата. Најавено е дека собраните средства ќе бидат искористени како ресурси ширум светот за да се развијат вакцини и ефективни третмани за коронавирус, што треба да бидат достапни за сите по пристапни цени.

Треба да знаете
Последни објави