МЗТ Скопје разработи шема како да се стаса до шампион во мак-баскетот

Откако претседателот на Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ), Перо Антиќ неодамна се изјасни дека шампион се станува само на терен, а повеќето од клубовите во мак-баскетот (четири против доделување титула без доиграно првенство – три воздражани и три за) го предизвика актуелниот шампион и лидер МЗТ Скопје Аеродром да разработи шема како да финишира сезоната и да се добие нов шампион и тоа во период од само еден месец.

МЗТ Скопје прелага скратен плејоф со тимовите кои обезбедиле пласман во Суперлигата. Во четвртфинале би играле екипите 3-6 и 4-5 на две победи, а првопласираните две екипи би биле слободни. Во полуфинале ќе се сретнат победникот од 4-5, а второпласираниот со победникот 3-6  во серија до три победи. Потоа двете најдобри екипи ќе се пласираат во финале и ќе се игра во три добиени за да се промоврие новиот шампион. Сите средби би требало да се играат дома и на гости, а дали ќе има публика, тоа зависи од државните органи.

Треба да знаете
Последни објави