Халанд незнае кој е подобар Меси или Роналдо, но знае дека Аргентинецот ќе осови „Златна топка“ во 2025 година

Норвежанецот Ерлинг Халанд кој е на почетокот од својот фудбалски пат, има само 19 години и е  ѕвезда на доаѓање во дресот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, веќе го споредуваат со легендарниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ (38 г.) кој е на залезот од својата кариера. Халанд  кој веќе има постигнато деве гола на само осум меча за „милионерите“ откако пристигна во Дортмунд, во интервју за „ЕСПН“ немаше храброст како на теренот од прва да „испука“ кој е подобар Лионел Меси или Кристијано Роналдо..

– Не можам да ви одговорам на тоа прашање – се зборовите на Халанд.

Според него Меси кој на 24 јуни ќе наполни 33 години, прикажува фантастични партии во дресот на Барселона. Но, новиот гол-мајстор Халанд запрашан кој ќе ја освои „златната топка“ во 2025 година немаше дилема.

– Меси! – краток и јасен е одговорот на Халанд.

Аргентинскиот интернационалец Меси веќе во својата трофејна колекција има шест „Златни топки“ освоени во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година. Неговиот ривал Португалецот Кристијано Роналдо има една помалку.

 

Треба да знаете
Последни објави