Експертскиот тим на словенечкиот министер за економија најави постепено отворање на помалите туристички капацитети, а од идната недела помалите хотели ќе можат да примат до 30 гости.
На состанокот што се одржал во Брдо кај Крањ, вицепремиерот и министер за економија Здравко Почивалшек се заложил за продолжување на мерките и за државни субвенции за помош на туризмот, откако помошта ќе престане да важи на 30 мај за останатите делови од економијата, како што е предвидено со два законски пакети за помош во корона-кризата.
Тој смета дека државната помош за туризмот треба да биде продолжена за четири месеци или дури до крајот на годината и да се формира посебен фонд што ќе овозможи грантови и поволни заеми за туристички компании со доволна ликвидност да продолжат да работат и да инвестираат во нов инвестициски циклус за оживување на гранката, која претставува 12% од БДП на Словенија.
Државниот секретар Симон Зајц изјавил дека владата планира од идната недела помалите хотели да примат до 30 гости и најави отворање на хотелите од јуни.



