Дизни најавува нов филм од сагата „Војна на ѕвездите“

Таика Ваитити, добитникот на Оскар за најдобро адапатирано сценарио за филмот “Џоџо зајакот“, ќе режира и ќе напише нов долгометражен филм „Војна на Ѕвездите“, соопшти “Волт Дизни ко“, дистрибутерот на „Марвел“, во понеделникот.

Нова серија „Војна на ѕвездите“ за стриминг-платформата Дизни плус исто така е во фаза на припрема од страна на авторот на „Руски кукла“ Лесли Хедланд, се вели во соопштението на компанијата, цитирано од „Ројтерс“.

Не е наведен датум на објавување за ниту еден од двата проекти.

На крaјот на минатата година „Дизни“ направи пауза во развојот на „Војна на ѕвездите“ по последното продолжение, The Rise of Skywalker („Издигнувањето на Скајвокер“), деветто во сагата што започна со оригиналниот филм на Џорџ Лукас од 1977 година.

Компанијата ја објави веста на 4 мај, ден кога фановите на „Војна на ѕвездите“ ја слават франшизата за нејзината сличност со изразот „Нека е силата со вас“, пишува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави