ДСЗИ не нашол пропусти во случајот со пациентот од Кичево, семејството се подготвува за тужби

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) го завршил инспекцискиот надзор во врска со пациентот од Кичево, чие семејство беше известено дека има четири негативни теста на Ковид-19, а подоцна во Институтот за јавно здравје се водеше како пациент со еден позитивен тест и утврдил дека нема пропусти, објави „360 степени“.

Од семејството на момчето велат дека остануваат на ставот оти ќе бараат одговорност. Доколку одговорноста не ја лоцираат надлежните институции, тие сами ќе поведат приватни тужби.

-Ако треба до Стразбур ќе бараме правда. Никој од надлежните институции не нè контактираше за да приложиме документација за сè што имаме, а имаме доволно докази, документација и сведоци за сите пропусти што се направени. Ништо не може да ни го надомести стресот што го преживуваме овој месец. Подготвен сум во секое време да ја кажам целата ситуација. Нема да се откажеме додека не се најде одговорниот за целата збрка што ни ја приредија, вели Спасе Дамјаноски,  чичкото на момчето.

Целиот текст на „360 степени“.

Треба да знаете
Последни објави