Кон: Сега секој сам е одговорен за заштита од смртоносниот вирус

Собранието на Србија утре треба да ја укине вонредната состојба, а од четврток престнаува да биде на сила за граѓаните во оваа земја полицискиот час. Полицијата и војската ќе се повлечат од улиците, а движењето на граѓаните ќе биде нормализирано без ограничувања. Според епидемиологот, членот на кризниот штаб во земјата д-р Предраг Кон не сила остануваат вонредните мерки кои беа донесени за борбата против пандемијата од коронавирусот, но и дека исклучително значајно ќе биде одговорното однесување на секој поединец.

– Забраната за јавно сбирање на луѓето, за работа на училиштата, театрите, кината останува на сила. За врме на користењето на јавниот превоз задолжителна ќе биде употребата на заштитна опрема, а за носење маски како составен дел од секојденвието и при посетите на затврените простори,  продавници, маркети… ќе видиме дали ќе биде формулирано како забрана.Во секој случај препораката на стручните луѓе од оваа област останува тие мерки да се почитуваат. Дражава направи се шти можеше, а сега од исклучителна важност ќе биде одговорното оденсугвање на секој од нас поединечно за заштита од смртоносниот вирус – вели Кон.

Наместо забрана за блиски контакти од утре во Србија ќе има препорака за ибегнување на блиските средби. На граѓаните од 65 години повеќе нема да им биде ограничено времето за слободно движење. За нив нема да има повеќе никакви посебни мерки, туку со одговорно однесување самите ќе треба да се заштитата од вирусот.

Во Србија останува на сила задолжителниот карентин од 14 дена при влегувањето во државата. Одлуката за оваа обврска ќе биде менувана во скалд со меѓународните догвори и мерки кои ќе се применуваат и прилагодуваат на ситуацијата.

 

Треба да знаете
Последни објави