Некои африкански земји препорачуваат лек од пелин против Ковид-19, СЗО ги предупредувa

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека е потребно да се испитаат ефикасноста и несаканите ефекти на лековитите растенија, како што е сладок пелин (Artemisia annua), кои од неодамна се рекламираат како потенцијален лек за „Ковид-19“.

СЗО посочува дека ја поддржува научно докажаната ефикасност на традиционалните лекови и додава дека комплементарната и алтернативната медицина имаат бројни придобивки во третманот на разни болести.

Трката да се најде лек за ковид-19 повторно предизвика интерес за растенија како што е сладок пелин (Artemisia annua). Претседателот на Мадагаскар, Ендри Рајоелина промовира лек базиран на таа билка.

Иако оваа растителна мешавина сè уште не е научно истражена, лидерите во некои африкански земји најавија дека ќе нарачаат одредени количини сладок пелин, а некои веќе ги добија своите нарачки.

„Дури и ако таквата терапија потекнува од традиционална или комплементарна медицина, критично е да се зборува за нејзината ефикасност и безбедност без ригорозни клинички испитувања“, се вели во соопштението од регионалниот огранок на Светската здравствена организација за подсахарска Африка.

СЗО посочува дека соработува со истражувачки институции кога станува збор за избор на производи и препарати што се користат во традиционалната медицина, кои можат да бидат предмет на истражување поради својата клиничка ефикасност и безбедност при лекување на „Ковид-19“.

Треба да знаете
Последни објави