Познатата манекенка Синди Крафорд не ја пропушта документарната серија „Последниот танц“, во која се зборува за подемот на славниот кошаркар Мајкл Џордан и неговиот „Чикаго Булс“ во 90-тите.
Aмериканската убавица се пофали на „Инстаграм“ дека новите епизоди од серијата ќе ги гледа на спортски начин.
Синди го облекла дресот на поранешниот крилен центар на „Чикаго Булс“, Денис Родман, што тој ѝ го подарил, а кошаркарската топка ја фрлила во кошот сместен во нејзиниот двор.
Крафорд му оддаде почит на Мајкл Џордан на оригинален начин. Додека ја фрлаше топката во кошот, Синди ги рашири нозете создавајќи силуета која стана заштитен знак на непобедливиот Ем Џеј, а која може да се види во сенката на манекенката.
Крафорд исто така на нозете ги носеше славните „џорданки“.
Манекенката ја фотографира нејзиниот сопруг Ренди Гербер, а фотографијата на „Инстаграм“ ја објави Синди.



