Словенечките трговци годинава ќе ја завршат со 20 отсто помал промет

Според Стопанската комора на Словенија прометот на трговците во Словенија оваа година ќе биде околу 20 отсто понизок во споредба со минатата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Пресметките на Комората покажуваат дека наместо предвидените 32 милијарди евра промет, оваа години тој ќе се движи меѓу 25 и 26 милијарди или околу 20 проценти помалку.

Претседателот на Стопанската комара Марича Лах, оцени дека е потребно што поголем број продавници да бидат отворени, а притоа да се земе примерот од Австрија, каде дозволената дистанца меѓу луѓето во трговските објекти е намалено од два на еден метар.

– Убедена сум дека здравствената криза остави длабоки последици во потрошувачките навики на Словенците. Однесувањето на купувачите сега е повеќе рационален, воздржан и штедлив, изјави Лах.

Од Комората сметаат дека поради епидемијата со новиот коронавирус брз развој се случило кај интернет трговијата и дека се повеќе граѓани преферираат да купуваат преку интернет. избегнувајќи го традиционалното одење во продавница.

Треба да знаете
Последни објави