Словенечкото Собрание дебатира за спорната набавка на респиратори и медицинска опрема

Комисијата на надзор врз јавните финансии при словенечкото Собрание по барање на опозицијата расправа за спорната набавка на респиратори и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Четирите најголеми опозициски парламентарни партии кои вчера покренаа интерпелација за министерот за економија Здравко Почивалшек, за кого сметаат дека е одговорен за набавката, во Комисијата дискутираат за одговорноста при трошењето на јавните средства.

Комисијата ќе гласа и за предлогот да им се порача на ревизорите да направат вонредна и детална проверка за транспарентноста, економичноста и ефикасноста при трошењето на јавните пари при набавката за спорните респиратори и заштитни маски.

Треба да знаете
Последни објави