Антонио Бандерас снимен во непрепознатливо издание пред вилата во Марбела

Легендарниот шпански актер Антонио Бандерас (59) е фотографиран додека џогирал во Шпанија за време на пандемијата на коронавирусот.

Латинозаводникот повеќе не личи на себе затоа што има долга бела брада, а со црн качкет го криел лицето од фоторепортерите.

Антонио е во врска веќе шест години со советничката за инвестиции, Никол Кимпел (38), по два брака со Ана Лез и Мелани Грифит.

Актерот излегол да џогира веднаш штом шпанските власти ја олесниле забраната воведена поради коронавирусот. Поточно, шпанските власти им овозможиле на возрасните да шетаат или да спортуваат помеѓу 6 и 10 часот наутро и од 8 до 11 часот навечер.

Притоа тој носи црвен „шушкавец“, црна тренирка и црвени патики, а на главата има качкет на кој се неговите иницијали А. Б.

Актерот се изолирал со својата 21 година помлада девојка во својата вила во Марбела, каде што последните два месеца ги поминале во градината со поглед на океанот за време на кризата предизвикана од Ковид-19.

Антонио се заљуби во убавата Холанѓанка набргу по распадот на неговиот втор брак во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави