Актуелниот шпански фудбалски првак и лидер во Примера до прекинот на сезоната поради пандемијата со коронавирусот, Барселона потврди дека во текот на утрешниот ден сите фудбалери ќе ги тестирани пред да продолжи со тренинзите в петок.
Во Шпанија се стопирани сите спортски активности речиси два месеци, а откако пандемијата почна да спласнува, властите полека ги симнуваат рестриктивните мерки за да го вратат животот во нормала.
Точниот термин за продолжување на Примера сеуште не е одрден, но се најавува дека тоа може да биде на почетокот од месец јуни. Клубовите добија дозвола да можат да почнат со тренинзи.
Раковдството на Примера соопшти дека сите клубови ќе мора да ги тестираат своите фудбалери и членови на екипите.



