Благој Нацовски: Ми недостига адреналинот кој ми го дава сцената и контактот со публиката

Благој Нацовски е најафирмираниот македонски оперски пејач во светот. Долги години живее и работи вo Италија во градот Џенова. За 24 инфо вели дека е хиперактивна личност и дека во однос на таа негова карактеристика добро ја издржал изолацијата дома откако се појави корона вирусот.

-Иако сум хиперактивна личност, односно ми се допаѓа да бидам постојано зафатен со нешто во текот на денот би рекол дека добро ја издржав изолацијата досега. Би рекол дека почнува да ми недостига театарот, ми недостига адреналинот кој ми го дава сцената, контактот со публиката.

Kако го поминувате денот?
-Иако пејам секојдневно, снимам видеа со песни и ги објавувам на социјалните мрежи каде публиката ми дава голема поддршка со нивните прекрасни пораки и коментари сепак би сакал да можам да пеaм во живо пред нив, а не пред вебкамерата. И почнува да ми недостига и спортот, бев научен да тренирам кросфит 6 пати неделно и сега да се прејде на 0 навистина е необично.
Што правите поразлично од порано, имате ли контакт со семејството?

Што се однесува до другите нешта, сега пак имам повеќе време да бидам во контакт со семејството, во просек по три пати на ден, со пријателите итн. Кога сум во активност се разбира моето време е доста лимитирано, односно сум постојано на пат и немам многу време за да ги негувам како што треба сите тие контакти. Инаку оптимист сум дека медицината ќе направи големи чекори за доста брзо време, односно ќе се дојде до сериозен лек за Ковид19 наскоро. Се разбира за вакцина ќе почекаме но можеби лекот во овој момент е побитен.
Се очекува мерките во Италија полека да почната да се олабавуваат. Како ке се функционира понатаму?

Инаку ситуацијата во Италија се подобрува, од 4 мај ќе имам некои олабавувања во мерките. Се надевам дека секој поединец сепак ќе постапува одговорно во следниот период бидејќи се разбира дека додека не се најде вакцина секаде во светот ќе мораме да научиме да живееме со овој вирус, значи доста навики кои што сме ги имале досега ќе треба да бидат поинакви. Треба секој од нас биде свесен за тоа и да постапува според препораките на епидемиолозите.
На македонските граѓани им се обративте со драматично видео на почетокот на епидемијата. Која беше причината?


-Целиот свет го потцени проблемот со коронавирусот .Друга причина беше смртта на човек што добро го познавав. Тој почина од ковид 19. Така и го допрев и почувствував проблемот од блиску и сфатив дека е многу сериозен.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави