Милан се подготвува да почне со тренинзи

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан в четврток започнува со тренинзи. Претходно  фудбалерите и стручниот штаб ќе ги направат задолжителните тестови за коронавирусот. Според „Скај Спортс 24“ до четврток сите играчи на Милан ќе бидат тестирани. Тестовите се извршуваат во Мадонина клиниката во групи од по 7-8 фудбалери.

Тренинзите ќе се одвиваат во тренинг центарот Миланело. Во Милано се очекуваат да пристигнат Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси, но проблем е што двајцата ќе треба да ја мината процедурата од 14 дена во домашна изолација пред да му се приклучат на тимот.
Треба да знаете
Последни објави