Милијардерот Ворен Бафет пријави загуба од 50 милијарди долари

Американски инвеститор, милијардерот Ворен Бафет (89) објави загуба од околу 50 милијарди долари поради пандемијата на коронавирус. Бафет го продаде целиот свој удел кој неговата компанија го имаше во четири американски авиокомпании, предупредувајќи дека „светот се смени“ за авионската индустрија заради кризата со коронавирус.

На годишната средба со акционерите на неговата компанија „Беркшир Хатавеј инк“, која годинава за првпат се одржа преку видеоврска и со директен пренос на интернет, Бафет рече дека можноста на САД да ја издржат кризата нуди надеж, иако призна дека пандемијата може значително да ѝ наштети на економијата и на неговите инвестиции.

Бафет, кој го заработи прекарот „Пророк на Омаха“ поради умешноста за инвестирање, верува дека берзата сè уште не го достигнала дното на сегашната бездна.

Состанокот почна неколку часа откако компанијата „Беркшир“ објави рекордна загуба од 49,75 милијарди американски долари во првиот квартал.„Беркшир Хатавеј“ имаше значителен удел во американските авиокомпании на крајот на 2019 година. Но, сега кога илјадници авиони се слетуваат на пистите ширум светот и нема јасен показател за тоа кога авиосообраќајот би можел да биде обновен, Бафет рече дека ги продал акциите во авиоиндустријата.

Треба да знаете
Последни објави