Јуниор Кисела Вода и Младост Богданци се новите суперлигаши, РФМ денеска донесе одлука во соработка со клубовите од машкото првенство.
Сезоната 2020-21 ќе брои вкупно 16 екипи, 14 ќе се натпреваруваат во регуларниот дел а пак, сехалигашите Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат напролет. Лигата ќе биде поделена на две групи по 7 екипи, освојувањето на едно од првите три места во двете групи носат разигрување за титулата, односно плејоф, додека пак останатите осум (по четири од двете групи) ќе играат за опстанок, а од нив само првиот обезбедува сигурен опстанок, вториот ќе игра бараж натпревар и другите шест тима се селат ранг подолу. Сите екипи во плеј-оф и во плеј-аут ќе стартуваат со нула бодови.
Новост во новата сезона ќе биде неиграњето на вторите тимови на Вардар и Металург. Нови суперлигаши ќе бидат прволигашите Јуниор Кисела Вода, Астарион , КЛ7 кои ќе го имаат своето деби во најдобрата македонска лига и Тиквеш, Прилеп и Младост Богданци кои се повратници во Суперлигата.



