„Ројтерс“ јавува дека германската влада донела конечна одлука фудбалските првенства во земјата да продолжат на средината од месецов. Бундеслигата ќе биде прво од најсилните европски натпреварувања кои ќе продолжат по цели два месеци пауза. Екипите од германските првенства ќе бидат првите кои ќе уизлезат на теренот да го победата „стравот“ од коронавирусот. Фудбалерите ќе се вратат на терените на 15 мај, а веќе од 11 мај се очекува Германија дополнително да ги ублажи мерките.
Сите фудбалери кои играат во Бундеслигата и во популарната „Цвајте“ извршија тестирања на коронавирусот, а и покрај фактот што имаше позитивни играчи на вирусот, сепак првенството ќе продолжи.
Во Германија нема никаков фудбал од 9. март, а клубовите тренираат индивидуално и во помали групи веќе две недели што значи дека се подготвени за враќање на фудбалот.



