Џенерал електрик укинува уште над 10.000 работни места во авијацијата

Џенерал електрик (General Electric – GE) доцна синоќа соопшти дека затвора дополнителни 10.000 работни места во одделот за авијација.

Американскиот концерн како причина за овој чекор ја наведува пандемијата на Ковид-19, која предизвика тешки последици во воздушниот сообраќај и на порачките на авиони, за кои Џенерал електрик произведува мотори.

Намалувањето на работниците ќе се спроведе преку доброволни заминувања и отпуштања. Првиот бран отпуштања беше во март, кога беа укинати 2.600 работни места.

Џенерал електрик вкупно ќе намали 25 проценти од вработените во авијацискиот сектор, или 13.000 работници.

Треба да знаете
Последни објави