Бизарна „Мет гала“: Глава-торба, 7 очи, жив кристален лустер

Поради пандемијата на коронавирусот, беа откажани куп настани, па дури ни „Мет гала“, еден од најголемите годишни настани во светот на модата, не го избегна тоа. Секој прв понеделник во мај ѕвездите позираа на црвениот килим пред музејот „Метрополитен“ во Њујорк.

Некои од нив се носталгични, па на социјалните мрежи се присетуваат на своите креации.

По шокот со костимот на Исус Христос на „Мет гала“ во 2018 година, Џаред Лето (48) ја остави публиката без зборови минатата година. Актерот се појави во црвен свилен фустан од модната куќа „Гучи“, а во рацете држеше уникатен моден додаток – чанта во форма на неговата глава.

Еднакво скандалозна беше и ѕвездата на филмот „Фантастични sверови: Криминалите на Гринделвалд“, Езра Милер (27). Тој се појави во сребрена наметка покривајќи си го лицето со маска што ја носеше на стап. Но, кога дојде на црвениот килим, Милер ја соблече наметката и си го откри лицето, на кое имаше нацртано пет очи.

Забележително беше и шоуто на Лејди Гага (34), која изведе стриптиз на црвениот килим. Градникот, гаќичките и мрежестите чорапи предизвикаа најголем транс меѓу насобраните, а кога Гага се фрли на колена и почна да лази пред сите, доби бурни овации од фановите. Нејзиното извивање траеше дури 16 минути.

Минатата година Ким Кардашјан (39) исто така го привлече вниманието облекувајќи тесен фустан што ги истакна нејзините облини. Во преден план беа градите и тесната половина.

По вжештената расправа за тоа дали реалата ѕвезда извадила неколку ребра за да влезе во фустанот, официјалната инстаграм-страница на „Вог“ објави видео со објаснување.

Кардашјан носеше тесен корсет во кој одвај се движеше, па преку видео ѝ се извини на Ана Винтур (70), организаторката на „Мет гала“, што нема да може да седне.

Сепак, главен предмет на потсмев беше, дефинитивно, пејачката Кети Пери (35), која минатата година реши да биде жив кристален лустер.

Треба да знаете
Последни објави