Венецуела тврди дека прекинот на струјата е поради напад врз енергетската мрежа

Напад врз енергетската мрежа на Венецуела беше причината за прекините во снабдувањето со електрична енергија во вторникот во целата земја, тврди венецуелската потпретседателка Делси Родригез, пренесува ТАСС.

„Нападот на националната електрична мрежа е откриен денеска.  Сега го обновуваме напојувањето“, истакна таа.

Невладината организација „НетБлокс“, која ја следи компјутерската безбедност, претходно соопшти на Твитер дека најмалку 19 од 23-те региони во Венецуела и некои окрузи во главниот град на земјата, Каракас, се соочуваат со проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Каракас и 20 региони во Венецуела се соочија со големи прекини на електрична енергија во март 2019 година.

Националната компанија за електрична енергија соопшти дека прекините во снабдувањето биле предизвикано од несреќа во хидроцентралата „Симон Боливар“, за што венецуелскиот претседател Николас Мадуро го обвини американскиот империјализам.

Сепак, американскиот Стејт департмент негираше каква било вмешаност.

Треба да знаете
Последни објави