Во Авганистан приведени осуммина екстремисти во врска со нападите во Кабул

Авганистанските безбедносни сили уапсија осуммина припадници на мрежа поврзана со терористички организации Исламска држава и Хакани.

Тие се уапсени како одговорни за крвавите напади во главниот град Кабул,, соопшти денеска безбеднпосната агенција на земјата.

Апсењата се извршени за време на синоќешната рација на имот во Кабул, кога безбедносните сили заплениле оружје и експлозив и убиле пет члена на терористичката мрежа.

Бомбаши-самоубијци поврзани со таа мрежа во март извршија напад во верскиот комплекс Сика во Кабул, при што убија 25 лица.

Тоа беше втор напад за еден месец за кој „Исламска држава” ја презеде одговорноста, откако повеќе од 30 луѓе беа убиени на собир на кој присуствуваа голем број членови на етничката заедница Хазара за да ја одбележат годишнината од смртта на нивниот водач.

Треба да знаете
Последни објави