Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.778.012 лица. Од нив починале 261.243, а оздравеле 1.275.321 луѓе.
– Во последните 24 часа во Италија се потврдени нови 369 смртни случаи и 1.444 заразени. Вкупно досега во земјата се регистрирани 29.684 починати и 214.457 заболени лица.
– Во Африка се потврдени 49.121 заразени случаи со новиот коронавирус.
– Пандемијата на коронавирус треба во следните денови да го достигне пикот во латиноамериканските земји, каде се забележани повеќе од 262.000 заразени.
– Неколку земји, како на пример Еквадор, Колумбија и Доминиканска Република, одлучија да ги продолжат мерките за спречување на ширењето на пандемијата.
– Бројот на починати во Велика Британија надмина 30.000 лица.
– Во Перу од почетокот на епидемијата на коронавирус се потврдени 51.189 заразени, поради што оваа земја се наоѓа на второ место по бројот на заболени во Јужна Америка, зад Бразил, кој има многу поголем број жители.
– Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во Шведска достигна 23.918, а на починати 2.941 лице, соопшти Министерството за здравство.