ДОМ: Поддршка за одлуките на Владата за зачувување на природното и културното наследство

Зелената партија ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за координирани инспекциски надзори врз градбите во крајбрежјето на Општините Охрид и Струга, вонредна ревизија на легализацијата на бесправно изградените објекти во Општина Струга и инспекциски надзор врз работите на ревитализацијата на Старата скопска чаршија. Оваа одлука се надоврзува на нашите заложби за спречување недозволени градежни активности во крајбрежјето на Охридското Езеро и надминување на конзерваторските пропусти при ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

Бараме, во согласност со Законот за инспекциски надзор, да се објават резултатите од спроведените координирани инспекциски надзори врз градежните активности или несоодветната пренамена на земјоделско земиште во крајбрежјето во Општините Охрид и Струга, како и од извршениот надзор врз работите на реконструкцијата на Старата скопска чаршија.

Треба да знаете
Последни објави