Европската народна партија повторно ја потврди поддршката за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

По лидерската средба, со која претседаваше претседателот Доналд Туск, Европската народна партија повторно ја потврди својата поддршка за проширувањето и кредибилно членство за Западен Балкан, јави дописникот на МИА.

-EПП испрати силен сигнал за поддршка до Западно – балканските држави. Тоа е благодарение на заложбите и решеноста на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ,  ЕУ останува верна на својот збор и е посветена на иднината на регионот, се вели во твитот.

Од ЕПП велат дека се обединети во борбата против КОВИД-19. – Ние сме солидарни со Западен Балкан, нашите најблиски партнери, географски, историски, културно и економски. Кога се соочуваме со предизвици заедно, ние ги надминуваме заедно, посочуваат од ЕПП.

Претходно, европратеничката Кинга Гул (ЕПП) рече дека лидерите на ЕУ, исто така, денес ќе ги потврдат јасно плановите за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

-Многу е важно да се зајакнат изгледите за проширување на ЕУ за овие земји. Одлуката за отворање преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија е чекор во вистинската насока, рече Гал. 

Треба да знаете
Последни објави