Подготвен сум да дојдам во Будимпешта и еднаш засекогаш да дознаам што е ВМРО, вели бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на Фејсбук и му порачува на поранешниот македонски премиер Никола Груевски дека е подготвен да замине во Будимпешта на историски дуел со него.
Поканата е по серија написи на Груевски на Фејсбук во кои ја брани македонската национална кауза оспорена од бугарската теза дека Македонците се комунистичка творба.
-Предлагам Никола Груевски да ја продолжи нашата историска конфронтација во живо. Подготвен сум да дојдам кога тој ќе рече и каде ќе посочи, до Будимпешта и еднаш засекогаш да откријам што е ВМРО, без разлика дали е бугарско или антимакедонско. Дали Бугарите биле нејзини фигури и лидери или букефалисти – следбеници на Александар Велики? Исто така, предлагам да ги поканиме сите бугарски и македонски медиуми кои сакаат да ја снимаат и емитуваат нашата дебата. Иако е дуел, се согласувам со Никола Груевски да ги поканам гореспоменатите асистенти, како и секој друг историчар што тој сака да го поддржи. Јас ќе бидам сам, вели Каракачанов.
https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/posts/3151511608194440?__xts__%5B0%5D=68.ARAAPwpECtZiuD1WttgvBYWZTkcgfIjrUtiN2oJu1CqkNS0kZ-4Uqq0pgKuoirsCeULsjdlQvUSEKP6EA6QsxIrspXa60jYzmIhwhgRnLWdOyFwfK3PNAwDRreq_ZP0jTrohxdblCMRK8ZA0T45YV5BFqX2L6AXMzhDvEfe_DX9X0aKGKAzyGCWgyBN7n5tzsgR40Rpg-9Ak0v8qL4UdbMM7-WeVJXkjXR6jaddwIVygNLH8GntCV-1bEa2w4ySWMwb8SoPw0pr9ZYvjZYHTNZ1jI5JoxXF–qzKSZQQTJwYhwdXkhCe2WnzC4AswPCSaApSKci1mKLW_CkMD9Rf3JqPWQ&__tn__=-R