Македонците во Стеблево, Голо Брдо го одбележаа Ѓурѓовден

Македонците во Стеблево во областа Голо Брдо, по традиција се собраа во црквата „Свети Никола” за да го одбележат празникот Свети Великомаченик Георгиј, познат како Ѓурѓовден.

Поради пандемијата со коронавирусот, годинава не присуствуваа жителите од соседните села кои изминатите години редовно доаѓаа на одбележување на празникот.

Богослужба одржа свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на албанска православна црква, кој е чест гостин меѓу жителите на Стеблево.

Порано со одбележувањето на Ѓурѓовден се означувал крајот на студениот зимски и почетокот на сончевиот летен  период.

Во последната деценија, празникот се одбележува под мотото „Празник на цвеќето” со што се означува почетокот на туристичката сезона во Стеблево, подрачје кое е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Северна Македонија.

По укинувањето на општината Стеблево, која опфаќа 12 села со над 1.000 жители, сега е админстративна единица и потпаѓа под општина Либражд. Областа Голо Брдо опфаќа 22 села главно населени со Македонци, а е поделена во три административни единици, Стеблево, Острени и Требиште.

Треба да знаете
Последни објави