На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, помеѓу 10 и 13 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 – 20 минути поради изведување градежни работи на пат односно минирање.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 02.05. до 15.11. е отворен за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.